Менаџерот на Њукасл Алан Пардју доби казна од седум натпревари забрана да го води својот тим откако пред 10 дена во натпревар од Премиер лигата имаше физички контакт со играчот на Хал Дејвид Мејлер.
Казната му ја изрече Англиската фудбалска федерација, а претходно беше казнет и од својот тим со 100.000 фунти.
Инаку, ова е највисока казна изречена за еден менаџер во Премиер лигата.
За очекување беше Пардју да добие максимална казна од 10 натпревари, бидејќи и во минатото актуелниот менаџер на Њукасл имаше испади по кои добиваше санкции.
]]>


