Директорот на АМС Спасески организираше прием за Илина Арсова

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска организираше прием за Илина Арсова првата жена од Македонија која се искачи на Монт Еверест.

Арсова се заблагодари за приемот во АМС. Таа го информираше директорот Спасески за остварените средби во Канада и за извршените промотивни презентации и средби со иселениците-Македонци.

Воедно Арсова го информираше Спасески за наредниот потфат кој планира да го реализира од нејзината страна, а тоа е комплетирање на проектот „Седум врвови на седум континенти“. Досега Арсова ги има искачено највиските три светски врвови Аконкагва (Јужна Америка), Килиманџаро (Африка) и Монт Еверест (Азија). Македонската алпинистка во јуни планира да го искачи Елбрус – 5.650 метри надморска височина (Кавказ Русија) а исто така во нејзиниот план за месец август се Чо оју 8.110 метри надморска височина (Тибет, Азија).

На крај од средбата Арсова се заблагодари за целокупната поддршка што ја добива од Агенцијата за млади и спорт.

Директорот Спасески во својот говор и се заблагодари на Илина Арсова за целокупните напори што ги прави во промоцијата на Македонија и додаде дека Агенцијата за млади и спорт секогаш ќе дава поддршка за сите спортисти кои достојно ја претставуваат Македонија во меѓународни рамки.

]]>

Најчитани вести