Пинтуро победник на супервелеслаломот во Ленцерхајд

Францускиот скијач Алексис Пинтуро е победник на денешната супервелеслаломска трка, последна во оваа дисциплина сезонава во Светскиот куп возена во швајцарскиот скијачки центар Ленцерхајд.

Пинтуро патеката ја мина со време 1:13.71 минута. На второто место се пласира сонародникот на победникот, Томас Мермило Блондан со заостанување од 56 стотинки. Трет беше Американецот Боде Милер со 57 стотинки побавно време од победникот.

Конечен пласман во дисциплината „супер-џи“ за сезоната 2013/14: Свиндал 346 бодови, Кјетил Јансурд (Норвешка) 259, Патрик Куенг (Швајцарија) 255, Матијас Мајер (Австрија) 236, Боде Милер (САД) 220,…

За Свиндал по вчерашниот кристален глобус во спуст, ова е втор ваков трофеј сезонава, но сеуште е неизвесно дали ќе го освои големиот кристален глобус наменет за најуспешниот од сите дисциплини. По денешната трка конкурентот за трофејот Марсел Хиршер (Австрија) му се доближи на лидерот на само 19 бодови.

Генерален пласман во Светскиот куп: Свиндал 1.091 бод, Хиршер 1072, Пинтуро 919, Тед Лигети (САД) 869, Феликс Нојројтер (Германија) 673,…

До крајот на сезонава остануваат уште по една трка во слалом и во велеслалом предвидени да се возат викендов исто така во Ленцерхајд.

]]>

Најчитани вести