Македонската фудбалска репрезентација се најде на 82.место на најновата ранг листа на ФИФА објавена денеска, што претставува напредок за една позиција во однос на февруарското рангирање.
Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на победата против Летонија на пријателскиот натпревар во Скопје на 5 март.
Од репрезентациите што се наоѓаат во квалификациската група за ЕП со Македонија најдобропласирана е Шпанија која воедно е и лидер на оваа листа. Украина се наоѓа на 18.позиција, Словачка е на 50.место, Белорусија е (83.та) веднаш зад Македонија, а Луксембург е најслабо пласиран – се наоѓа на 120.место.
Во ТОП 10 покрај водечката Шпанија редоследно се наоѓаат: Германија, Аргентина, Португалија, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Италија, Бразил и Белгија.
Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 10 април.
]]>


