Екипите на Работнички и на Кожув попладнево го играат дербито на 17.коло на Првата кошаркарска лига.
Победникот од овој дуел на едно коло пред крајот ќе има големи шанси овој дел од шампионатот да го заврши на првата позиција. Натпреварот Работнички – Кожув се игра во салата „Градски парк“ во Скопје, а почнува во 17:30 часот.
На другите натпревари од оваа рунда играат: Фени Индустри – Карпош Соколи, Куманово – Лирија (сабота), Вардар Апаве – Струмица (недела). Пелистер Спорт натпреварот со Македонија млади (надвор од конкуренција) го игра во понеделник.
Табела: Работнички 27 бодови, Кожув 27, Лирија 24, Куманово 23, Струмица 21, Фени Индустри 19, Вардар Апаве 18, Карпош Соколи 17, Пелистер Спорт 16.
]]>


