Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во полуфиналето на фјучрс турнирот во Анталија.
Во денешното четвртфинале Ѓорческа ја совлада Милана Спремо од Србија со 2:1 во сетови. Првиот сет и припадна на српската тенисерка со 6:4, а следните два ги доби Ѓорческа со 6:3 и 6:4.
Во полуфиналето утре нашата тенсиерка ќе игра против победничката од мечот Барбара Хас (Австрија) – Ирина Шиманович (Белорусија, 6.носител).
]]>


