Пример. На 10-ти април 2013 година, 10 грчки државјани од оваа банка подигнале сума во вкупна вредност од 12.500.000 денари! Секој од нив подигнал кеш од по 1.250.000 денари. Во еден ден. Само 10 лица. Од иста банка. Со подигнатите пари во денари, истите овие лица, во истиот ден, 10-ти април, на девизниот пазар купиле евра. По 20.000.евра секој од нив или вкупно над 200 илјади евра. Во текот на изминатите 10 месеци, секој месец, во еден ист ден се правени вакви трансакции. Управата за финансиско разузнавање била информирана за трансакциите од страна на филијалата на Стопанска банка во Неготино. Бидејки и самата Управа призна дека истрага била отворена тоа значи дека за огромните организирани трансакции во кеш, во денари и во евра, биле запознаени и други институции. Дали била запознаена Управата за јавни приходи? Дали била запознаена Народна банка на Македонија? Дали бил запознаен Државниот девизен инспекторат во состав на Министерството за финансии, овластен да врши контрола на работењето со девизи на резиденти и нерезиденти? Дали била запознаена Финансиската полиција? Дали бил запознаен секторот за организиран криминал при МВР? Ако биле запознаени, зошто институциите молчеле 10 месеци? По чиј налог, институциите во Македонија, премолчувајки, дозволиле да се одлеат кеш пари, до јануари 2014 година, 215.950.000 денари, или 3.500.000 милиони евра? Како за граѓани кои ќе подигнат и денар повеке од законски дозволениот лимит на подигање кеш институциите веднаш реагираат? За кешот извлекуван во вртоглави суми и до 120 илјади евра по поединечна трансакција, цели 10 месеци досега, не реагира ниту една институција во Република Македонија? Кеш парите што ги извлекувале грчките државјани во Неготино не се изнесени надвор од Македонија. Каде се 216.000.000 денари, или 3.500.000 милиони евра? Граѓаните прашуваат каде е премиерот Груевски цела недела? Зошто молчи? Дали премиерот Груевски знаел за извлечените 3.500.000 евра во кеш и колку завршиле во владини џебови? Социјалдемократскиот сојуз ќе следи дали институциите ќе го разоткријат до крај скандалот во којшто според сите очигледни факти е вмешана власта на Никола Груевски.Потенцираме дека Социјалдемократскиот сојуз ќе стори се за расветлување на скандалот “Автопат Демир Капија Смоквица“, а потоа некој ќе треба кривично да одговара- рече Шилегов. ]]>


