Ефикасно реми на Хетафе и Гранада

Шест голови, по три на двете страни беа постигнати на синоќешниот дуел Хетафе – Гранада со кој беше отворено 28.коло од шпанската Примера Дивизија. Хетафе три пати имаше водство, но гостите изедначуваа за на крајот да освојат значаен бод во борбата за опстанок во лигата. Четири натпревари од овој круг се играат денеска: Леванте – Селта Виго, Рајо Ваљекано – Алмерија, Малага – Реал Мадрид и Атлетико Мадрид – Еспањол. За утре се закажани натпреварите: Елче – Бетис, Барселона – Осасуна, Севиља – Ваљадолид и Сосиедад – Валенсија. Колото завршува в понеделник со дуелот Виљареал – Атлетик Билбао. Табела: Реал Мадрид 67 бодови, Атлетико Мадрид 64, Барселона 63, Атлетик Билбао 51, Виљареа 44, Сосиедад 43, Севиља 41,..

]]>

Најчитани вести