Македонскиот репрезентативен шпиц, Адис Јаховиќ беше стрелец за својата Ворскла која одигра нерешено со Зорја (1-1).
Нашиот репрезентативец го донесе изедначувањето со погодок со глава во 50.минута од средбата, а голот го посвети на трагично загинатиот директор на Фудбалската федерација на Македонија, Петар Милошевски.
Почивај во мир Петар, стоеше на маицата на Јаховиќ.
Јаховиќ е само еден во низата на врвни фудбалери и пензионирани спортски легенди кои му укажаа чест на Милошевски, човекот кој ќе го паметиме како еден од најголемите промотори на македонскиот фудбал.
]]>


