Кошаркарите на Цибона остварија победа на гостувањето кај Игокеа и со тоа се чекор поблиску до пласман на завршниот турнир, а му направија услуга и на МЗТ Скопје Аеродром. Гостите од Загреб славеа со 67:55.
Со овој пораз Игокеа го загуби 6.место на табелата, на кое сега се наоѓа македонскиот шампион. Двете екипи имат ист биланс 12-12 (победи – порази), но МЗТ има подобра кош-разлика и подобар биланс во меѓусебните пресметки со директниот конкурент за освојување на местото кое обезбедува учество во Еврокупот следната сезона.
Претходно Цедевита со победата над директниот ривал Будуќност стана вториот тим покрај лидерот Црвена Звезда што обезбеди пласман на завршниот турнир.
Поради настапот на Шолнок во ФИБА Еуроџелинџ купот, дуелот Партизан – Шолнок е одложен.
Резултати 24.коло во АБА лигата: МЗТ Скопје Аеродром – Широки 82:71, Крка – Раднички 83:57, Задар – Црвена Звезда 53:67, Мега Визура – Олимпија 80:85, Цедевита – Будуќност 76:71 и Игокеа – Цибона 55:67.
Табела: Црвена Звезда 20-4 (победи-порази), Цедевита 18-6, Цибона 16-8, Будуќност 15-9, Партизан 15-8, МЗТ Скопје Аеродорм 12-12, Игокеа 12-12, Крка 11-13, Олимпија 10-14, Мега Визура 10-14, Раднички 8-16, Шолнок 8-15, Широки 6-18, Задра 6-18.
]]>


