Гвардиола: Останувам во Баерн додека Хенес не излезе на слобода

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола во интервју за „Ел Мундо Депортиво“ изјави дека сака да остане во баварскиот клуб се додека претседателот Ули Хенес не излезе од затвор.

– Останувам во Баерн се додека Хенес не биде на слобода. Сакам да дадам се од себе за клубот. Мојот сон е да бидам тука кога претседателот ќе се врати. Без него сите успеси, се ова што е постигнато ќе беше невозможно, потенцира шпанскиот стручњак и предводник на Баерн Минхен.

Претседателот на клубот минатата недела е осуден на три и пол години затвор поради затајување данок. Тој призна дека 27,2 милиони евра не и пријавил на државата така што своето богатство го скрил во банка во Швајцарија. Хенес се изјасни за виновен, а по донесувањето на пресудата изјави дека казната што ја добил е заслужена и додаде дека неплаќањето данок е неговата најголема грешка во животот.

]]>

Најчитани вести