Последниот натпревар од 24.коло на АБА лига меѓу Партизан – Шолнок е регистриран со 20:0 за „црно-белите“, е соопштено е денеска на официјалниот сајт на регионалното натпреварување.
Раководството на лигата се одлучи на ваков чекор поради неможноста да се изнајде нов термин за одигрување на натпреварот пред истекот на регуларниот дел на сезоната.
Покрај тоа што Шолнок службено го загуби дуелот, унгарскиот тим ќе мора да плати и казна од 5.000 евра, а нема да го добие ни бодот кој следува за регуларно загубен дуел.
Средбата Партизан – Шолнок требаше да се одигра во неделата во 17 часот, но беше одложена поради обврски на Унгарците во Евро челинџ купот.
Партизан со новите два бода се искачи на 3.место на табелата со скор од 16 победи и осум порази и во последните две кола ќе се бори за пласман на „Фајнл фор“.
Шолнок остана на осум победи, а со службениот пораз има 16 загубени натпревари.
]]>


