Џерард бара Ливерпул во најскоро време да го продолжи договорот со Роџерс

Капитенот на Ливерпул Стивен Џерард денеска упати апел до раководството на клубот во најскоро време да го продолжи договорот со менаџерот Брендон Роџерс.

– Тој е вистинско откритие. Воодушевен сум како ја води екипата. Секој ден учиме по нешто ново од него. Кон секој играч има посебен пристап, затоа што знае дека сите ние сме различни карактери. Заслужува да добие нов договор, изјави Џерард.

Роџерс на клупата на Ливерпул дојде во јуни 2012 година и има да одработи уште нешто повеќе од една година. Претходно беше тренер на Свонси, тим со кој избори пласман во Премиер лигата. Работел и во Вотфорд и Рединг.

Ливерпул во моментов е втор на табелата во Премиер лигата и по подолго време има изгледни шанси во борбата за титулата, а се поизвесен е пласманот во Лигата на шампионите следната сезона.

]]>

Најчитани вести