Манчини: Како да победиш ако упатиш само еден удар кон голот

Тренерот на Галатасарај Роберто Манчини разочаран по синоќешниот пораз од Челзи упати критики до своите играчи кои за 90 минути имаа само еден шут кон противничкиот гол.

– Ништо повеќе од пораз не ни заслуживме. Челзи беше многу подобар. Ние целосно потфрливме. Знаевме дека ќе биде тешко, а работата уште повеќе се усложни кога по само четири минути примивме гол. А тоа што се случуваше потоа не го очекував. Како може да постигнеме гол кога само еднаш упативме удар во рамките на противничкиот гол, изјави италијанскиот стручњак.

Тој е лут и поради лошото издание на Дидие Дрогба, ѕвездата на турскиот тим од кого се очекуваше многу повеќе.

– Дрогба не играше добро и немаше ниту една шанса, потенцира Манчини.

Челзи во Лондон го победи Галатасарај со 2:0 и со вкупни 3:1 обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите.

]]>

Најчитани вести