Младиот напаѓач на Реал Мадрид Хесе Родригес надвор од теренот ќе биде најверојатно околу шест месеци. Во осмата минута на дуелот со Шалке синоќа од Лигата на шампионите, 21-годишниот Шпанец мораше да ја напушти играта, а на негово место во игра влезе Герет Бејл.
По натпреварот тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека оваа повреда претставува проблем за тимот.
– Немавме среќа со повредата на Хесе, а по се изгледа повредени се вкрстените лигаменти. Ќе мора да бидат направени снимки, но ова ќе биде голем проблем за нас.
За Хесе сезоната е завршена, а одигра 31 натпревар и постигна осум голови во сите конкуренции.
Хесе имаше шанси да се најде и на списокот на селекторот на Шпанија Винсент Дел Боске за претстојниот Мундијал во Бразил.
]]>


