Неуспешна вечер за водечкиот тандем на Истокот

Лидерот во Итсочната конференција, екипата на Индијана загуби на гостувањето кај Њујорк со 92:86. Ова беше значаен триумф за Њујорк во обидот да избори пласман во разигрувањето за титулата.

Второпласираниот тим на Истокот Мајами, 20.от сезонски пораз го запиша на гостувањето кај Бостон со 101:96.

Резултати на другите осум НБА дуели одиграни ноќеска: Филаделфија – Чикаго 94:102, Бруклин – Шарлот 104:99, Мемфис – Јута 96:86, Њу Орлеанс – Торонто 100:107, Далас – Минесота 122:123 (по продолжение), Денвер – Детроит 118:109, Феникс – Орландо 109:93 и ЛА Лејкерс – Сан Антонио 109:125.

Вечерва се играат четири натпревари: Кливленд – Оклахома, Хјустон, Минесота, Портланд – Вашингтон, Голден Стејт – Милвоки.

Пласман Источна конференција: Индијана 50-18 (победи-порази), Мајами 46-20, Торонто 38-29, Чикаго 38-30, Бруклин 35-31, Вашингтон 35-32, Шарлот 33-36, Атланта 31-35,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 51-16 (победи-порази), Оклахома Сити 49-18, ЛА Клиперс 48-21, Хјустон 45-22, Портланд 44-24, Голден Стејт 43-26, Мемфис 40-27, Далас 41-28,.

]]>

Најчитани вести