Најдобриот играч на Манчестер Јунајтед и стрелец на трите погодока во победата над Олимпијакос пред самиот крај на синоќешниот натпревар се повреди и беше изнесен на носилка.
Во првиот момент се доби впечаток дека Холанѓанецот посериозно се повреди, но менаџерот на клубот од „Олд Трафорд“ ги смири навивачите изјавувајќи дека не е ништо страшно.
– Повредата на Ван Перси не е опасна. Тој доби удар во пределот на коленото, но за среќа помина само со силна болка во моментот. Повредата не е од посериозен карактер и нашиот јунак го очекуваме наскоро назад на теренот, изјави Дејвид Мојес.
Манчестер со головите на Ван Перси го победи атинскиот клуб со 3:0 и се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
]]>


