Уникс Казан и Валенсија си обезбедија висока предност по првите четвртфинални натпревари во Еврокуп и се наоѓаат на добар пат да влезат во полуфиналето на второто по квалитет клупско европско кошаркарско натпреварување.
Уникс Казан на гостувањето во Анкара кај истоимениот турски тим победи со 81:68.
Валенсија на домашен терен со 32 разлика ја совлада Алба Берлин. Шпанскиот претставник го доби мечот со 86:54.
Понеизвесни дуели се случуваа на другите две 1/4финални средби:
Хапоел Ерусалим – Нижњи Новогорад 81:78, Будивељник – Црвена Звезда 82:79.
Реваншите се играат на 25 и 26 март.
]]>


