Фудбалскиот сојуз на Англија го обвини тренерот на Челзи Жозе Мурињо поради недостојно однесување на натпреварот со Астон Вила.
На овој дуел Челзи беше поразен со 1:0, а тимот на заврши со девет играчи, но и без Мурињо на клупата.
Португалецот во судиското надополнување остро протестираше кај судијата и доби црвен картон.
По мечот Мурињо не сакаше да го коментира судењето, за да не ризикува да биде дополнително казнет.
Сепак тој доби пријава за неговото однесување на теренот за време на натпреварот, а има рок до 24 октомври да одговори на обвинувањата од ФА.
]]>


