Македонскиот ракометен шампион Вардар в сабота од 18 часот во арената „Борис Трајковски“ во рамки на осминафиналето во Лигата на шапиони го пречакува европскиот шампион Хамбург.
На денешната прес-конференција, тренерот на Вардар Раул Гонзалес посочи дека овој натпревар е од големо значање за Вардар бидејќи игра против шампион, односно екипа која според него е најдобра не само во Европа туку и во светот.
– Хамбург е екипа што има големи ѕвезди како што се Дувњак и Канелас кои играат многу брз ракомет и многу добра одбрана. Тие имаат и добар напад каде што имаат и добри шутери како што се Марковиќ и Ѓорѓиќ. Мораме да подготвиме добра одбрана против нив за да можеме да направиме позитивен резултат, а исто така треба да бидеме и смирени во нападот односно да ја чуваме топката што подолго и да имаме што помалку технички грашки, истакна Гонзалес.
Најави агресивна одбрана и побара помош од публиката за, како што кажа, да се добие една голема победа како за тимот така и за цела Македонија.
Според капитенот на Вардар Филип Лазаров, по Барселона, Хамбург е најквалитетната екипа во Европа и во светот.
-Тоа нема да не исплаши. Ние на овој нетпревар на некој начин и немаме што да изгубиме што значи ќе дадеме максимум, ќе пробаме да извојуваме барем една победа од двата натпревара, што би бил голем успех за нас, истакна Лазаров.
Вети дека ќе се дадат се од себе и дека ќе ја искористат силата на публиката на Врадар за како што кажа да ја претворат таа навивачка енергија во добра игра за да се оствари победа.
Екипата на Хамбург пристигнува утре во 11 часот, а ќе биде сместена во хотелот „Холидеј Ин“. Вратите во СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени во 16 часот и 45 минути а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натпреварот.
]]>


