презентираше концепт за економски развој на Република Македонија преку извозна експанзија. -Социјалдеморатскиот сојуз смета дека побрзиот развој на бизнис секторот во Македонија треба да се темели пред се врз индустриска политика која ќе создава пораст на извозот. Зголемувањето на извозот треба да претставува „локомотива“ која ќе ги влече сите „вагони“ на македонската економија. За пораст на извозот неопходно е да се подобри извозната конкурентна способност на македонските фирми. За таа цел СДСМ, идниот економски развој на Македонија ќе го базира на една рамка од повеќе мерки и проекти. Целината на рамката е претставена на слајдот, а подетално ќе претставиме само неколку нивни делови: Создавање на реални можности за инвестирање и на домашни фирми во Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) со користење на истите поволности како и странските инвеститори. Таквата изедначеност сега е само формална и постои само на хартија. Целосно ослободување од данок на добивка за фирмите кои остваруваат пораст на својот извоз за над 20% во однос на просекот од претходните 3 години. Субвенционирање на каматата на кредитите за фирмите кај кои вредноста на извозот е за 50% повисока од вредноста на нивниот увоз. Подобрување на граничните премини за елиминирање на времето на чекање. Да се спроведуваше ваква индустриска политика Македонија денес ќе беше подобро место за живеење за сите. Речиси осум години, економскиот развој на Македонија оваа влада го темели само врз политиките на обемна буџетска потрошувачка, финансирана преку задолжување на државата и обиди за привлекување странски директни инвестиции. Реално, животниот стандард на граѓаните не е променет на подобро. Тоа, и покрај силната кампања за убедување во спротивното, на пример и преку таканаречениот Отчет кој владата го претстави пред некој ден, го знаат сите граѓани. Политиките на СДСМ водат кон вистинско решавање на нивните економски и социјални проблеми- рече Узунов. ]]>


