Реал Мадрид трет тим со пласман во четвртфиналето во кошаркарската Евролига

Кошаркарите на Реал Мадрид се третиот тим што обезбеди четвртфинале во Евролигата откако синоќа во дербито на 11.коло од Ф групата ја победија ЦСКА Москва со 93:79. Во драматична завршница во Белград победа од 72:70 постигна Партизан против Макаби.

Резулати и двојки од 11.коло: Е група – Панатинаикос – Фенербахче 76:67, Олимпијакос – Лаборал, Уникаха – Барселона, Армани Емпорио – Анадолу Ефес (вечерва играат), Ф – група: Жалгирис – Локомотив Кубан 85:86, Партизан – Макаби 72:70, Реал Мадрид – ЦСКА Москва 93:79 и Галатасарај – Баерн Минхен (вечерва играат).

Табела Е група: Барселона 10-0 (победи-порази), Емпори Армани 7-3, Панатинаикос 6-5, Уникаха Малага 5-5, Фенербахче 5-6, Олимпијакос 4-6, Анадолу Ефес 2-8, Лаборал 2-8.

Табела Ф група: Реал Мадрид 9-2, ЦСКА Москва 9-2, Макаби 7-4, Баерн 5-5, Локомотив Кубан 5-6, Галатасарај 4-6, Партизан 3-8, Жалгирис 1-10.

]]>

Најчитани вести