Кошаркарите на Оклахома Сити се третата екипа која стигна до 50-тата победа сезонава во НБА лигата. Тие славеа на гостувањето кај Кливленд со 102:95 и воедно ова беше единствената гостинска победа на четирите натпревари одиграни ноќеска.
Кевин Дјурант со 35 поени беше најефикасен на натпреварот и кај победникот.
Домашните победи ги постигнаа: Хјустон – Минесота 129:106, Портланд – Вашингтон 116:103 и Голден Стејт – Милвоки 115:110.
Вечерва се играат: Индијана – Чикаго, Филаделфија – Њујорк, Торонто – Оклахома Сити, Атланта – Њу Орлеанс, Бруклин – Бостон, Мајами – Мемфис, Далас – Денвер, Феникс – Детроит, Сакраменто – Сан Антонио и ЛА Лејкерс – Вашингтон.
Пласман Источна конференција: Индијана 50-18 (победи-порази), Мајами 46-20, Торонто 38-29, Чикаго 38-30, Бруклин 35-31, Вашингтон 35-33, Шарлот 33-36, Атланта 31-35,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 51-16, Оклахома Сити 50-18, ЛА Клиперс 48-21, Хјустон 46-22, Портланд 45-24, Голден Стејт 44-26, Мемфис 4027, Далас 41-28,.
]]>


