Фудбалерите на Јувентус, Бенфика, Порто и Базел, кои од Лигата на шампионите ги продолжија натпреварите во Лига Европа, нема да играат меѓусебе во четвртфиналето на ова натпреварување.
На денешното извлекување во Нион, формирани се четвртфиналните двојки: АЗ – Бенфика, Олимпик Лион – Јувентус, Базел – Валенсија и Порто – Севиља.
Првите натпревари се играат на 3 април, а реваншите се една седмица подоцна.
]]>


