ВИДЕО: Газдата на Динамо Загреб се јуначеше на Пољуд, за малку ќе го истепаа

Кога се врати на своето место на полувреме, Мамиќ им возврати со несоодветни гестови. Гледачите почнаа да му свиркаат, А Мамиќ влезе во вербална расправија и со еден од гостите на натпреварот. Тој тргна физички да се справи со гостинот и најверојатно ќе дојдеше до тоа ако не се појавеше обезбедувањето. На крајот влезе и полицијата која спречи гледачите да дојдат до Мамиќ кој сеуште се закануваше и викаше. На крајот на натпреварот, Мамиќ отиде да се префрли преку свечената ложа, таму се судри со легендата на Хајдук Иво Бего кого го оттурна. Тоа предизвика гнев кај гледачи кои речиси влетаа во ложата. [gallery ids="139800,139799,139798,139797"] ]]>

Најчитани вести