Скалони потврди, Меси ќе игра на пријателскиот натпревар против Исланд

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, потврди дека Лионел Меси ќе игра на последниот пријателски натпревар пред настапот на Светското првенство 2026 против Исланд.

– Меси ќе игра, само не знам колку минути. Сè уште треба да разговарам со него на денешниот тренинг, па ќе видиме колку минути ќе игра за да избегнеме какви било ризици. Ќе одлучиме, но во принцип, тој ќе игра, изјави Скалони за „ESPN“.

Меси беше на клупата, но не играше на пријателскиот натпревар на Аргентина против Хондурас. Сепак, тој учествуваше во загревањето пред натпреварот.

Капитенот на Интер Мајами се јави во кампот на аргентинската репрезентација откако се пожали на мускулен замор на левата нога.

Натпреварот Аргентина – Исланд ќе се игра ноќта вторник кон среда со почеток во 3 часот по македонско време. 

МИА

Најчитани вести