Ручек кога немате многу време: Готов за половина час, не е потребно готвење

Идеално за мајки и зафатени жени кои сакаат оброк без мака

Во убавите денови кога не ви се стои покрај шпоретот со часови, овој едноставен рецепт од рерна е вистинско освежување. Без многу труд, а со максимален вкус, ќе добиете оброк што воодушевува, сè е подготвено во еден сад и можете да се опуштите. Комбинацијата од сочно мелено месо, зеленчук и печено сирење е вистински хит меѓу брзите ручеци.

Состјки

1 црвена пиперка

3 компири

1 црвен кромид

1 домат

500 г мелено говедско месо

250 мл сок од домати

 200 г сирење

 Сол, бибер, зачини по вкус

Подготовка:

Измијте го и исечете го зеленчукот на средни парчиња. Во голема тава, измешајте го зеленчукот со меленото месо.

Додадете сок од домати, зачинете по вкус и добро измешајте сè.

Покријте го плехот со алуминиумска фолија и ставете го во претходно загреана рерна на 200 степени.

Печете околу 20 минути, покриено. Отстранете ја фолијата и продолжете со печење уште 15 минути.

Посипете со рендано сирење и вратете го во рерна, исклучено, за сирењето да се стопи и да добие златна кора.

Сервирајте топло, со сезонска салата по ваш избор.

Најчитани вести