На Џо Бајден канцерот метастазирал на коските : Болеста е во четврт стадиум

Џо Бајден боледува од рак на простата во четврт стадиум, кој метастазирал на коските, и ќе живее со оваа болест до крајот на животот, изјави неговата сопруга Џил Бајден. Според неа, поранешниот американски претседател, и покрај здравствените проблеми, продолжува со своите секојдневни активности и јавни ангажмани.

Зборувајќи за време на промоцијата на книгата од политичката аналитичарка Ана Наваро, Џил Бајден рекла дека не очекувала здравствените проблеми на нејзиниот сопруг да доведат до дијагноза на канцер на простата, објави Фокс њуз.

Според неа, откако ја напуштил Белата куќа на почетокот на 2025 година, поради долготрајни тешкотии, Бајден отишол на преглед кај уролог, по што дополнителните анализи потврдиле присуство на канцер.

– Џо ќе мора да живее со канцер до крајот на животот – изјави Џил Бајден, додавајќи дека поранешниот претседател примал специјализирана терапија и поминал низ повеќенеделен циклус на зрачење.

Таа изјави дека 83-годишниот Бајден продолжува да патува и да учествува на јавни настани, но дека поради возраста, болеста и терапијата, го забавил темпото.

За време на разговорот, таа се осврнала и на претседателската кампања во 2024 година, наведувајќи дека Џо Бајден донел одлука да се повлече од изборната трка откако заклучил дека нема друг избор.

Таа рече дека бија погодил фактот што некои демократски функционери јавно го повикале нејзиниот сопруг да се откаже од својата кандидатура.

На прашањето каков претседател би сакала да види по мандатот на Трамп, Џил Бајден одговори дека нејзините најважни квалитети се интегритет, доверба и емпатија, објави српски Курир.

Најчитани вести