Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) донесе одлука да го казни европскиот првак Баерн со делумно затворање на стадионот на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед поради дискриминаторски транспарент истакнат на средбата со Арсенал.
– Баерн ќе мора да го затвори секторот 124 на „Алијанц Арена“ за ревншот со англискиот шампион на 9 април, соопшти УЕФА.
Ваквата одлука УЕФА ја образложи како санкција поради истакнувањето на хомофобичен транспарент „Геј Ганерс“ на средбата од ЛШ со Арсенал, со карикатура на гостинскиот играч Месут Озил.
На истиот натпревар навивачите на баварскиот клуб истакнаа и транспарент за прием на Косово во УЕФА на кој пишуваше „Кажи НЕ за расизмот, кажи Да за Косово“.
Освен казната со затворање на дел од стадионот Баерн е казнет и со 10 илјади евра.
]]>


