Вардар: Комитите се добродојдени ама не за да препродаваат карти што им ги даваме гратис

Во изминатиот период на сите натпревари раководството на Вардар се потруди на секој можен начин да укаже на дел од членовите за горенаведените дејствија дека се штетни  и опасни за останатите посетители на натпреварите.  Вардар за своите навивачи и посетители е должен да се грижи за нивната безбедност и комоција за времетраењето на секој натпревар.   Вардар во иднина се надева дека ќе наиде на конструктивност, кооператвност и соработка со оваа група поддржувачи која викендов ги дискридитираше процесните дејствија на органите на државната управа и законите во РМ. Ве замолуваме да имате разбирање и да бидете наши поддржувачи во процесот :

  • 1/2 финале Лига шампиони ЖРК Вардар СЦБТ
  • 1/8 финале Лига шампиони РК Вардар
  • 1/2 Сеха Гаспром Јужен Тек лига РК Вардар
  • Задржување на титулата во Државното првенство во фудбал и усмерување на силите кон квалификации за Лига на шампиони УЕФА.
Спортски поздрав, РК Вардар  ]]>

Најчитани вести