Ето: Гвардиола е кукавица

Напаѓачот на Челзи Самуел Ето денеска го критикуваше тренерот на Баерн Пеп Гвардиола поради тоа што немал храброст да му каже в лице било што кога играше во Барселона.

– Гвардиола е кукавица. Тој никогаш немаше храброст да ми каже нешто во лице, туку праќаше други играчида го прават тоа. Чави ми рече дека сакаат да останам, но сум требал да разговарам со тренерот. Подоцна кога заминав во Интер, Пеп се поздрави со мене, ама само за пред камери. Пред натпреварот не ме поздрави, изјави Ето за англиските медиуми.

Ето беше член на Барселона во периодот од 2004 до 2009 година, а си замина од каталонскиот клуб само поради Гвардиола.

– Тој никогаш не беше голем фудбалер, едноставно беше само добар и ништо повеќе од тоа. Играше на средината на теренот, а ми објаснуваше како би требало да се движи напаѓачот. Му реков дека не е нормален, додаде Ето во критиките кон Гвардиола.

Камерунецот во петте сезони поминати во Барселона одигра 201 натпревар и постигна 129 голови.

]]>

Најчитани вести