Тодор Гечевски, капитенот на македонскиот кошаркарски шампион, в сабота против Раднички ќе го одигра последниот натпревар во АБА лигата, соопштија денеска од МЗТ Скопје Аеродром.
Аеродромци против екипата од Крагуевац ќе се обидат да дојдат до победата која им гарантира настап во Еврокупот следната сезона. Поради тоа, како и желбата што поголем број навивачи да бидат присутни на оваа средба управата на МЗТ Скопје Аеродром се одлучи влезот да биде бесплатен.
– МЗТ донесе одлука за последниот меч од АБА лигата против Раднички од Крагуевац влезот да биде бесплатен за сите посетители. Македонскиот шампион ги повикува своите симпатизери да дојдат во што поголем број и да му помогнат на клубот во освојување на шестата позиција на табелата која води во Еврокупот наредната сезона, стои во известувањето на официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Раднички ќе се одигра в сабота со почеток од 19 часот.
]]>


