Ливерпул му се доближи на Челзи на само еден бод

Во заостанат натпревар од Премиер лигата, екипата на Ливерпул синоќа го совлада Сандерленд со 2:1 и му се доближи самона еден бод на лидерот Челзи.

Стрелци на головите за црвените од „Енфилд“ беа Стивен Џерард (39 минута) и Даниел Стариџ (48), додека голот за гостите го постигна Сунг Јенг Ки (76).

На вториот одложен натпревар одигран синоќа Вест Хем славеше победа над Хал исто така со 2:1.

Табела: Челзи 69 (31 натпревар), Ливерпул 68 (31), Манчестер Сити 66 (29), Арсенал 63 (31), Евертон 57 (30), Тотенхем 56 (31), Манчестер Јунајтед 51 (31),.

]]>

Најчитани вести