Комплетирано третото коло од квалификациите за ЕП за ракометарки

Со натпреварите одиграни синоќа беше комплетирано третото коло од квалификациите за ракометарки за Европското првенство што ќе се одржи оваа година.

Изненадување направи Шведска, која на гостувањето кај светскиот вицешампион Србија остана непоразена играјќи нерешено.

Во средата Македонија загуби од Русија.

Преглед на резултатите од 3.коло од квалификациите:

Група 1: Литванија – Австрија 28:31. Табела: Данска 4 бодови, Австрија 4, Украина 2, Литванија 0.

Група 2: Финска – Словачка 25:27 и Исланд – Франција 21:27. Табела: Франција 6, Словачка 4, Исланд 2, Финска 0.

Група 3: Чешка – Црна Гора 23:24 и Португалија – Полска 17:24. Табела: Црна Гора 6, Чешка 4, Полска 2, Португалија 0.

Група 4: Холандија – Шпанија 27:22 и Италија – Турција 21:22. Табела: Холандија 6, Шпанија 4, Турција 2, Италија 0.

Група 5: Србија – Шведска 25:25 и Швајцарија – Словенија 22:24. Табела: Шведска 5, Словенија 4, Србија 3, Швајцарија 0.

Група 6: Норвешка – Белорусија 33:29. Табела: Норвешка 6, Белорусија 0, Романија 0. Група 7: Русија – Македонија 36:23.

Табела: Русија 4, Германија 2, Македонија 0.

Шампионатот ќе се одржи во Хрватска и во Унгарија, досега од квалификациите пласман има обезбедено само Норвешка.

]]>

Најчитани вести