Екипата на Интер продолжува со променливата форма во италијанското првенство. Синоќа на последниот натпревар од 30.коло Интер одигра нерешено со Удинезе 0:0.
За Интер ова беше вкупно 12-ти нерешен резултат и има најмногу во Серија А, додека три екипи имаат по 11 (Болоња, Каљари и Парма).
Со освоениот бод Интер остана на 5. место на табелата со 48 бодови или еден повеќе од Парма која има 47, но и натпревар помалку. Удинезе со 35 бодови се наоѓа на 14.место. На врвот на табелата е Јувентус со 81 бод, пред Рома 67, Наполи 61 и Фиорентина 51.
]]>


