Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром денеска го игра последниот натпревар во регионалната АБА лига.
МЗТ Скопје со победа против екипата на Раднички ќе го обезбеди шестото место на табелата, а со тоа и по втор пат „аеродромци„ ќе се пласираат во Еврокупот, второто по квалитет клупско натпреварување на стариот континент.
Поддршката од навивачите е неопходна, па затоа влезот во арената „Борис Трајковски„ ќе биде слободен, за дуелот кој ќе започне од 19 часот.
Ова е еден од двата натпревари кои ќе се играат денеска е се во рамките од последното 26.коло на АБА лигата. Во првиот, конкурентот на МЗТ Скопје за шестата позиција словенската екипа на Крка пред својата публика е фаворит во дуелот со Шолнок.
Утре и в понеделник ќе се одиграат преостанатите пет средби:Игокеа – Широки, Задар – Унион Олимпија, Цибона – Црвена звезда (недела), Мега Визура – Будуќност и Партизан – Цедевита (понеделник).
Табела: Црвена Звезда 46 бодови, Цедевита 44, Партизан 42, Цибона 42, Будуќност 40, МЗТ Скопје Аеродром 37, Игокеа 37, Крка 36, Унион Олимпија 36, Мега Визура 36, Раднички 34, Шолнок 32, Широки 31 и Задар 31.
]]>


