Екипата на Арсенал ќе го пречека составот на Манчестер Сити во дерби дуелот од 32. коло на фудбалското првенство на Англија.
Овој натпревар може директно да влијае на пласманот на екипите кои се борат за шампионскиот трофеј. Средбата на „Емирати’’ во Лондон, која ќе започне од 18:30 часот, е една од седумте кои ќе се играат денеска.
Останатите двојки за денеска се: Манчестер Јунајтед – Астон Вила, Вест Бромвич Албион – Кардиф, Свонси – Норвич, Саутемптон – Њукасл, Стоук – Хал и Кристал Палас – Челзи.
Утре (недела) ќе се игра и вториот дерби дуел од ова коло, а во него Ливерпул ќе го пречека Тотенхем. За утре закажан е и натпреварот Фулам – Евертон, додека во понеделник ќе играат Сандерленд – Вест Хем.
Табела: Челзи 69 бодови (31 одиграни натпревари), Ливерпул 68 (31), Манчестер Сити 66 (29), Арсенал 63 (31), Евертон 57 (30), Тотенхем 56 (31), Манчестер Јунајтед 51 (31).
]]>


