(ВИДЕО) Асистенција на Пандев во победата на Наполи против Јувентус

Македонскиот интернационалец Горан Пандев со асистенција придонесе неговата екипа Наполи да го победи шампионот и лидер Јувентус. Синоќа во Неапол домаќините славеа со 2:0 во дербито од 31.коло на Серија А.

Хозе Каљехон во 37.минута го постигна првиот погодок, додека конечните 2:0 ги постави Дрис Мертенс по проигрувањето од Пандев.

На другите досега завршени натпревари од оваа рунда постигнати се следниве резултати: Лацио – Парма 3:2, Верона – Џенова 3:0, Сампдорија – Фиорентина 0:0, Торино – Каљари 2:1, Сасуоло – Рома 0:2, Милан – Киево 3:0 и Болоња – Аталанта 0:2.

Вечерва играат Удинезе – Катанија и Ливорно – Интер.

Табела: Јувентус 81 бод, Рома 70, Наполи 64, Фиорентина 52, Интер 48, Парма 47,.

]]>

Најчитани вести