Екипите на Кожув и на Лирија со победи го почнаа делот од шампионатот во Суперлигата во кошарка.
Во првото коло Лирија на домашен терен го победи Куманово со 77:66. Победникот беше решен во последниот период, кои домашните играчи го добија со 24:15.
Најефикасен кај Лирија беше Бојан Трајковски со 22 поена, додека кај кумановчани најпрецизен беше Урош Луковиќ со 19.
И на дуелот во Струмица победникот беше решен во последната четвртина. Кожув славеше над Струмица со 86:81, а последниот период гевгеличани го добија со 29:23.
Александар Мареља од Струмица со 23 поени беше најефикасен, а Димитар Караџовски во редовите на Кожув постигна 19.
Дербито на колото се игра в среда, а ќе играат МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Почетокот на натпреварот е во 17 часот и 30 минути.
]]>


