Киву и Интер се разделија

Романскиот интернационалец Кристијан Киву повеќе не е член на калчолигашот Интер, соопштија денеска од миланскиот клуб.

Киву беше дел од Интер последните седум години, но трета година по ред не е стандарден и постојано се мачеше со повреди. Последна таква беше повредата со стапалото минатото лето по што беше опериран и се чинеше дека ќе ја заврши кариерата.

34-годишниот Киву од позвучните екипи има настапувано за Ајакс и за Рома, а во репрезентативниот дрес на Романија настапил 75 пати.

]]>

Најчитани вести