Со одигрувањето на двата последни натпревара од 26.коло синоќа заврши првиот, основен дел од регионалната кошаркарска АБА лига. Останува уште четирите најдобри на завршниот турнир да одлучат кој ќе биде победник за сезоната 2013/14.
На двата синоќешни дуела поуспешни беа домашните екипи: Мега Визура – Будуќност 92:86 и Партизан – Цедевита 77:68.
Во текот на викендот се одиграа и другите натпревари од последната рунда: МЗТ Скопје Аеродром – Раднички 87:95, Крка – Шолнок 73:67, Цибона – Црвена Звезда 67:76, Игокеа – Широки 69:60 и Задар – Олимпија 77:75.
Конечна табела: 1. Црвена Звезда 22-4 (победи-порази), 2. Цедевита 19-7, 3. Партизан 18-8 4. Цибона 17-9, 5. Будуќност 15-11, 6. Игокеа 13-13, 7. Крка 12-14, 8. Мега Визура 12-14, 9. МЗТ Скопје 12-14, 10. Унион Олимпија 11-15, 11. Раднички 10-16, 12. Шолнок 8-18, 13. Задар 7-19, 14. Широки 6-20.
Завршниот „Фајнл фор“ турнир ќе се одигра во Белград во периодот 24-27 април. Во полуфиналето ќе играат Црвена Звезда – Цибона и Цедевита – Партизан.
Од лигата испаѓа Широки.
]]>


