о фудбалската Лига на шампиони вечерва почнува четвртфиналната фаза, а бранителот на трофејот Баерн Минхен му гостува на англискиот шампион Манчестер Јунајтед.
Јунајтед на овој дуел ќе настапи ослабен без Робин ван Перси кој во претходната фаза против Олимпијакос постигна три гола, но во финишот на мечот се повреди.
– Баерн е фаворит. Тој е тежок противник и знаеме што не очекува. Ќе се обидеме да ги искористиме сите шанси што ќе ни се укажат. Нивната предност е и во тоа што веќе го одбрани трофејот во Бундес лигата и сега целосно се фокусирани на Лигата на шампионите, изјави Дејвид Мојс тренерот на Манчестер Јунајтед.
Од таборот на германскиот претставник велат дека не ги залажува слабата форма на противникот и очекуваат два тешки дуела.
– Не треба да се залажуваме дека ќе ни биде лесно поради моменталната форма на Манчестер. Во вакви натпревари минатото се заборава. Сите велат дека сме сигурни полуфиналисти, но за да се случи тоа ќе мора да прикажеме врвен фудбал од почеток до крај, изјави фудбалерот на Баерн, Арјен Робен.
На вториот вечерашен дуел ќе гледаме шпанска пресметка во оваа фаза на елитното натпреварување. На „Камп Ноу“ во Барселона доаѓа лидерот во Примера, тимот на Атлетико Мадрид.
Двете екипи сезонава одиграа три натпревари и сите завршија нерешено. Во шпанскиот Суперкуп беше 1:1 во Мадрид и 0:0 во Барселона, додека првенствениот дуел во Мадрид беше 0:0.
Почетокот на двата натпревара е во 20 часот и 45 минути.
]]>


