Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец и член на неколку звучни екипи Дејвид Бекам за англиските медиуми прогнозира дека Пари Сен Жермен ќе биде поуспешен од Челзи во нивната пресметка од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
– Сметам дека сезонава ПСЖ има голема шанса во Лигата на шампионите. Играат против Челзи кој го има Мурињо на клупата и сите знаеме дека тој вади максимум од играчите. Сепак, предност во овој двомеч им давам на парижаните.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и ПСЖ упати пофални зборови до управата на клубот од Париз.
– Сопствениците на ПСЖ составија тим од многу квалитетни поединци. Тука се Тијаго Силва кој според мене е најдобар светски фудбалер во одбраната, тука е и Златан Ибрахимовиќ – фантастичен напаѓач и човек и еден од најдобрите фудбалери со кои имам играно, истакнува Бекам кој својата професионална фудбалска кариера ја заврши токму во ПСЖ.
Првиот дуел од четвртфиналната пресметка меѓу Челзи и ПСЖ ќе се одигра утревечер од 20:45 часот во Лондон.
]]>


