Емил Рајковиќ тренерот на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички најави голема борба и максимална пожртвуваност на неговите избраници на утрешното дерби со градскиот ривал.
– Утрешниот натпревар е еден од оние на кој што се будат многу страсти. МЗТ е голем фаворит, игра со сериозни противници од АБА лигата и утрешниот натпревар го игра на домашен терен. Сепак, Работнички ќе го остави срцето на терен за да стигне до посакуваната победа. Ќе го дадеме максимумот од себе. Од навивачите очекуваме фер однесување, а од судиите професионалност. Само вака ќе уживаме во вечното дерби помеѓу Работнички и МЗТ, рече Рајковиќ на денешната прес-конференција.
Раководството на клубот пред новинарите даде отчет за она што е сработено изминатиот период, односно по смената на управата.
– Клубот го затекнавме во многу лошта состојба, речиси пред распаѓање, без играчи, без услови за тренинг, со исклучена струја и вода. Наследениот долг од претходното раководство беше околу 150.000 евра. Со работа и штедење направивме играчите и тренерите да бидат исплаќани навреме и да исплатиме дел од стариот долг. Овозможивме колку што е можно подобри засилувања, изјави претседателот на Управниот одбор Горан Геровски.
Директорот Ѓорги Аврамчев апелира дербито да мине во фер и спортска атмосфера.
– Ова не е борба за живот или смрт. Ние сме ривали, но не сме непријатели. Се надеваме дека утрешното дерби ќе биде празник на кошарката. Во полна сала – нека победи подбриот. Работнички и МЗТ се ривали, но тоа не значи дека треба да се случи насилство или немили сцени, рече Аврамчев.
]]>


