Торес од лето во Интер

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и член на Челзи Фернандо Торес по крајот на сезоната ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ во тимот на Интер, јавуваат италијанските медиуми.

Според наводите во „Скај Италија“ Шпанецот во Интер би дошол како позајмен играч, а за такво нешто Челзи веќе дал согласност, но останува уште дефинирањето околу исплатата на петте милиони евра што Торесги добива по сезона.

Лондонскиот клуб бара Интер да ја плати целата сума, додека калчолигашот сака Челзи да учествува со еден дел од договорот што го има кон Торес.

Сезонава шпанскиот напаѓач на 23 настапи постигна само четири погодоци, недоволно да го увери тренерот Жозе Мурињо дека треба да смета на него и следната сезона.

Од друга страна Интер најави создавање респектабилен тим со повисоки амбиции од моменталните и во таа насока веќе постигна договор со Немања Видиќ од Манчестер Јунајтед.

]]>

Најчитани вести