Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска потврди дека го прифаќа предлогот на Металург и за терминот за средбата Металург – Кил. Овој натпревар дефинитивно ќе се одигра на 19 април (сабота), со почеток во 18 часот и 30 минути во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Пристигна и предлогот на екипата на Кил, која реванш средбата ја планира за 27 април (недела), со почеток во 14 часот и15 минути. Се чека одговор од ЕХФ за официјализирање и на овој термин.
Металург и Кил ќе одиграат двомеч во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
]]>


