Вардар – Металург во првото коло од Суперлигата

Првиот од двата дуела меѓу Вардар и Металург во ракометната Суперлига ќе биде дел од 1.коло, тоа е епилогот по денешното извлекување на броевите за државниот шампионат одржано во просториите на Ракометната федерација на Македонија.

На првиот натпревар домаќин треба да биде шампионот Вардар, додека дуелот Металург – Вардар е предвиден за 6.коло.

Натпреварите од 1.коло се предвидени за средината на месец април, но овој натпревар најверојатно ќе биде одложен поради обврските на „црвено-црните“ на завршниот турнир од СЕХА лигата (11-13.април).

Многу веројатно е натпреварот од 1.коло да се одигра откако нашите преставници ќе ги завршат натпреварите од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во секој случај дуелот од 6.коло според програмата е предвиден за во мај, но и тој како и други натпревари од другите кола ќе можеби ќе бидат одложени поради обврските во Лигата на шампионите.

Во ракометната Суперлига настапуваат шест екипи, а двојките во првото коло покрај Вардар – Металург се: Пелистер – Металург Јуниор и Зомимак – Тинекс Пролет.

]]>

Најчитани вести