Македонската репрезентација составена од фудбалери до 17 години денеска го игра првиот натпревар на меѓународниот турнир Јосип Каталински – Шкија што се одржува во Сараево и ќе трае до недела. Противник на „црвено-жолтите“ ќе бидат врсниците на домашната селекција Босна и Херцеговина.
Почетокот на натпреваорт е од 11 часот.
На вториот дуел од овој турнир Македонија в сабота од 16 часот ќе игра со селекцијата на градот на Белград, додека третиот натпревар ќе го одигра в недела и во зависност од резултатите од двата предходни натпревари македонската репрезентација ќе го игра или финалето или натпреварот за трето место на турнирот.
Овие натпревари се подготвителни за престојните квалификаци во октомври што ке се играат во Кипар со Англија,Франција и домаќинот Кипар.
]]>


