Се ожени Џенсон Батон

Автомобилистот Џенсон Батон и убавата Џесика Мичибата го кажаа судбоносното да.

Некогашниот шампион во Формула 1 и манекенката се венчаа на Хаваите, пренесуваат англиските медиуми.

Батон кој и натаму вози за тимот на Мекларен со Џесика е во врска од 2008-та година.

„Среќна Нова година од господин и госпоѓа Батон“, напиша 34-годишниот Батон на својот Твитер.

tviter_baton

На британскиот возач претстојната сезона ќе му биде 16-та по ред во кариерата, а воведната трка оваа година ќе ја вози во март, во Австралија.

Најчитани вести