Жената убиена на детската клиника била бремена

 

Според информациите на Основното јавно обвинителство триесет и едногодишната жена која беше убиена на покривот на Детската клиника во Скопје, била бремена.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 23 годишниот жител на Петровец за сторено кривично дело – Убиство на бремена жена.

„Досегашните сознанија потврдуваат дека жртвата не е почината од пад од височина. Убиството осомничениот го извршил на терасата на покривот на седмиот кат на Детската клиника во Скопје, каде е и најдено безживотното тело на сега починатото лице. Се очекува пристигнувањето на Извештајот од извршената обдукција од страна на Судска медицина, според кој ќе се утврдат и причините за настапување на смртта“, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Согласно законските прописи, а сметајќи дека се исполнети условите, јавниот обвинител до судија на предходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка Притвор против осомничениот .

Најнови вести

Најново од Uncategorized, Хроника

Најчитани вести